Еуроимпекс со најновите понуди на брендовите Valvoline и Toyo Tires во City Mall Скопје, 5.4.2019


Еуроимпекс со најновите понуди на брендовите Valvoline и Toyo Tires во City Mall Компанијата Еуроимпекс, ве повикува во Сити Мол на локација спроти познатото кафуле Play café во периодот од 5ти до 10ти април на дружење и запознавање со најновите производи и понуди на брендовите Valvoline и Toyo Tires.


Маслата Valvoline ќе ве пречекаат со актуелна акција од моделот SynPower - висок квалитет на синтетичко моторно масло со дополнителни хемиски компоненти кои го намалуваат триењето и абењето на моторот. Погодно и за бензин и за дизел мотори.


Можете да ги најдете по цена од:

  • - SynPower 10W40 = 1.150 мкд / 4L,

  • - SynPower 5W40 = 1.500 мкд / 4L,

  • - SynPower 5W30 = 1.800 мкд / 4L.


А истовремено ве пречекуваат и со целата палета на синтетички, полусинтетички и конвенционални моторни масла за долготрајност на вашиот мотор.

Додека пак, Toyo Tires на самата локација ја нудат целата палета на летни гуми за најразлични потреби. Од гуми за патнички возила, премиум и луксузни лимузини, комерцијални возила, спортски и SUV возила, како и off road гуми за екстремни услови на теренот.

А секако можете да добиете и посебна понуда како дел од моменталната летна акција на Toyo Tires „Летни гуми со -30%“ + бесплатна монтажа и балансирање. За сите купувачи нудат и изненадување поклон „Toyo Outdoor сет“.

На самата локација на располагање се одговорни лица од Еуроимпекс кои детално ќе ви ги презентираат производите и ќе ви дадат соодветна понуда согласно вашите потреби.

sl 1 sl 2 sl 3 sl 4 sl 5 sl 6 sl 7 sl 8 sl 9