Тест возење со НОВИОТ PEUGEOT 508 Скопје, 13.3.2019


Тест возење со НОВИОТ PEUGEOT 508 На ден 13.3.2019, автомобилските експерти од земјава имаа можност да го тестираат радикалниот лав - Новиот Peugeot 508.

Еуроимпекс, во улога на генерален увозозник го претстави најновиот модел во гамата во 4 различни верзии, различни мотори и ниво на опременост:

  • 1. Peugeot 508 Allure 2.0 BlueHDi 160 EAT8

  • 2. Peugeot 508 Allure 1.6 PureTech 180 EAT8

  • 3. Peugeot 508 GT-line 2.0 BlueHDi 180 EAT8

  • 4. Peugeot 508 GT 1.6 PureTech 225 EAT8



Присутните лица на тест возењето имаа можност да се запознаат одблиску со моќните перформанси на овие мотори и да ги тестираат на асфалтот.

Новиот Peugeot 508 се покажа како одличен домаќин и ги потврди очекувањата. Со својата ниска каросерија и прецизно извајани линии, новите моќни мотори, вратите без рамки, најновите безбедносни системи, новиот 8-степен автоматски менувач и многу други дополнителни елементи во опремата со кои ова возило претставува предвесник на една нова ера, ера на нова технологија, на автономност и на современ дизајн.

Новиот Peugeot 508 е достапен во салоните на Еуроимпекс и сите заинтересирани можат да закажат тест возење.

sl 1 sl 2 sl 3 sl 4 sl 5 sl 6 sl 7 sl 8