Враќање во историјата „ДЕНОТ НА PEUGEOT 404“ Скопје, 4.4.2019


Враќање во историјата „ДЕНОТ НА PEUGEOT 404“ Во чест на легендарниот модел на Брендот Peugeot на ден 4 април 2019та година, по втор пат се одржа дефиле за одбележување на “Денот на Peugeot 404“.

Дефилето започнa пред седиштето на Еуроимпекс, салонот на Peugeot на Бул: Трета македонска бригада бр. 72, а потоа се упати кон Француска Амбасада, каде беше одржан и приемот на медиумите и гостите со официјално обраќање од страна на:

  • - Францускиот Амбасадор, Г-динот Кристијан Тимоние,

  • - Министерот за внатрешни работи, Г-динот Оливер Спасовски,

  • - Организаторот на овој настан „Македонскиот клуб Пежо 404“, г-динот Деан Шкартов.



Еуроимпекс како генерален увoзоник на брендот Peugeot, повторно го поддржува овој настан со свој учесник Peugeot 404 како дел од возното дефиле и ги поздравува сопствениците на овие модели за нивниот ентузијазам и искрена љубов и посветеност кон Брендот и овој модел.

Овој настан е секако во рамките на активностите организирани низ целиот свет посветени на зачувување на културното и технолошкото наследство. Изложбата на олдтајмерите произведени од 1968 до 1973 година беше пред Француската амбасада, која е поддржувач на денешниот настан.

Сопствениците на олдтајмерите, сите истакнаа дека ги возат овие автомобили сè уште и покрај тоа што се стари педесетина години.

„Овие автомобили се историјата на Франција и важат за едни од најиздржливите во светот. Би сакал да истакнам дека бројот на туристи во Северна Македонија се зголемува во летните месеци. Тие доаѓаат главно од земјите членки на ЕУ и важно е да им се покаже дека во Северна Македонија се почитуваат принципите на внимателност“ изјави амбасадорот Тимоние.

Македонскиот клуб Пежо 404, како организатор на настанот е составен од неколку сопственици на ова ретко и скапоцено возило, кое сведочи и за нивото на култура и статусот на нашата земја во минатото.
За ентузијазмот и напорите за нивно одржување во технички исправна состојба редовно добиваат признанија од дома и од странство.

Интересени податоци:

  • - Првото возило Peugeot 404 е произведено во 1960-тата,

  • - Во Франција се произведени 1.85 милиони примероци,

  • - Во Светот приближно 2.9 милиони примероци.



sl 1 sl 2 sl 3 sl 4 sl 5 sl 6 sl 7