Еуроимпекс на „Отворен ден“ со презентација за учениците Скопје, 23.4.2019


Еуроимпекс  на „Отворен ден“ со презентација за учениците АСУЦ „Боро Петрушевски“ на Град Скопје на 18.4.2019 година, со отворени врати ги пречека работодавачите на истакнати компании од Скопје.

Еуроимпекс беше меѓу претставниците од единаесет реномирани компании кои имаа можност да остварат контакт и да извршат интервјуа со повеќе од 100 ученици од завршните години од училиштето.

Настанот е од исклучително значење за училиштето и за компаниите затоа што овозможува зајакнување и продлабочување на соработката помеѓу локалната заедница, социјалните партнери и учениците, а секако и можност за професионален и личен развој, како и за нивно идно вработување. Еуроимпекс како општествено одговорна компанија секогаш вложува во младите сили и овозможува нивно понатамошно усовршување.

Настанот е поддржан од проектот Е4Е@mk кој придонесува за промоција на стручното образование и ги доближува младите до работодавачите при што се остварува една успешна соработка за взаемен интерес.

Секој нов чекор е тежок на почеток, но со посветеност, трпеливост и работа води кон восхитувачки резултат. Задоволството и насмевката на лицата на учениците по завршувањето на интервјуата го потврди токму тоа.

На самиот настан се потпиша Меморандум за соработка помеѓу училиштето и Еуроимпекс.

sl 1 sl 2 sl 3 sl 4 sl 5 sl 6 sl 7 sl 8 sl 9 sl 10