Еуроимпекс со нов дилерски центар во Битола Скопје, 13.3.2019


Еуроимпекс со нов дилерски центар во Битола Еуроимпекс, генерален увозник за Peugeot возила во регионот, официјално го претстави новиот продажно- сервисен салон „365 Ауто“ во Битола

Томислав Нафидов, Регионалниот директор на продажба во Еуроимпекс, изјави: „работиме на проширување на нашата дилерска мрежа со цел постигнување на уште подобри резултати во периодот кој следи. Имено со отворањето на нашата нова дилерска точка, очекуваме значително зголемување на бројот на продадени возила во југозападниот дел од земјава и веруваме во успешна соработка од двете страни“

На тоа сопственикот на компанијата 365 Ауто, Г-динот Тони Коминовски додаде: „нашата компанија Алфа Припс Дооел стопанисува веќе 10 години. Прво започнавме како такси компанија, за да се прошириме како рент а кар агенција, а од пред 3 години и продажба на автоделови и сервисирање на возила. Работејќи со изнајмување на возила и такси дејност имавме можност да ги запознаеме многу добро речиси сите брендови на возила, но PEUGEOT е брендот кој максимално не воодушеви во секој поглед: беспрекорен квалитет, современ дизајн, повратна вредност и пост-продажна услуга.
Тоа резултираше со потпишување на договор со ЕУРОИМПЕКС, на кој сме многу горди и отворање на продажно-сервисен салон од 100 m2 за PEUGEOT возила во Битола и регионот“

Новиот продажно – сервисен салон се наоѓа на Ул. Ѓорче Петров број 33, Битола. Секој корисник на возило Peugeot може да се обрати на оваа локација.

sl 1