Еуроимпекс – локален партнер во Меѓународен проект во рамките на програмата „Еразмус +“ Скопје, 19.4.2019


Еуроимпекс – локален партнер на програмата „Еразмус + “ Еуроимпекс, веќе неколку години, соработува со средното сообраќајно училиште АСУЦ Боро Петрушевски – Скопје, во рамките на програмата Еразмус +.

Оваа година, во рамките на проектот “Поврзување на теоретската и практичната обука во областа на автомеханиката”, Еуроимпекс, овозможи петмесечна подготовка на учениците, со цел да можат полесно да се вклучат во работниот процес, за време на практичната обука во рамките на проектот.

Учениците беа максимално подготвени и во периодот од 17.03.2019 до 31.03.2019 год., реализираа практична обука во сервиси за возила во Љубљана, а исто така и во училишните работилници во партнерското училиште од Љубљана, во склоп на практичната настава која се реализира во училиштето.

Од посебно значење беше фактот што учениците за време на практичната обука во Љубљана, ја согледаа поврзаноста на теоретската и практичната настава која се реализираше и во училиштето и во сервисите за возила, го увидоа начинот на организација на практичната обука, ракуваа со совремна опрема и алат, работеа на најсовремени возила и сл.

Менторите во Љубљана, кои го имаа завршниот збор и конечното мислење за учениците, ги истакнаа своите позитивни впечатоци за подготвеноста на учениците активно да се вклучат во работниот процес и успешно и одговорно да ги извршуваат своите работни задачи, што значи дека Еуроимпекс, повторно ја оствари својата цел и придонесе врз успешното реализирање на проектот.

Со учениците, исто така беа и наставници по стручни предмети, кои освен како придружни лица на учениците, беа и како претставници на АСУЦ Боро Петрушевски, кои имаа за цел да стекнат искуства и да ги применат во нашата држава. Особено се важни искуствата кои ги стекнаа во однос на организација на практичната обука на учениците во училишните работилници и во сервисите за возила, кои секако ќе бидат споделени во однос на организацијата на практичната обука на учениците кај долгогодишниот социјален партнер Еуроимпекс.

За развојот на автомобилската индустрија во државата, Еуроимпекс, има огромно значење, пред се поради фактот што преку овие проекти, сервисите за возила се здобиваат со висококвалификувана работна сила, бидејќи преку практичната обука во странство, се зголемува степенот на професионалност на учениците, индивидуален професионален развој, стекнување на високоценети и меѓународно признати сертификати и сл.

sl 1 sl 2 sl 3 sl 4