Изложба на возила АСУЦ „Боро Петрушевски“ Скопје, 14.5.2019


	Изложба на возила АСУЦ „Боро Петрушевски“ На 12.05.2019 година по 5ти пат се одржа традиционалната изложба на автомобили на полигонот на АСУЦ (Авто Сообраќаен Училишен Центар) на град Скопје, а во организација на АМК АСУЦ кој е составен дел на Училиштето.На настанот присуствуваа автомобили од повеќе категории: фабрички возила, олд тајмери, јанг тајмери, тјунирани, специјално доработени, со специјално озвучување и други, а бројот на возила достигна над 200.

Еуроимпекс и оваа година зема учество на настанот помагајќи го истиот со поклони за наградените, а и самиот изложувајќи две возила во категоријата олд тајмери од својата гама.

Се работи за Peugeot 404 од 1970 година и Peugeot 204 од 1972 година, кои со својот квалитет и безвременската убавина ги собраа воздишките на големиот број на посетители кои дојдоа да го проследат настанот.

И овој пат долгогодишната соработка помеѓу Еуроимпекс и училиштето беше успешна, со цел истата да продолжи и понатаму во реализација на нови идни проекти.

sl 1 sl 2 sl 3 sl 4 sl 5