Дел од менаџерскиот тим на Еуроимпекс во потрага по нови „Team Building“ предизвици Скопје, 31.5.2018


Дел од менаџерскиот тим на Еуроимпекс во потрага по нови „Team Building“ предизвици На 18ти мај 2018та година дел од менаџерскиот тим на Еуроимпекс, екипаж од 8 лица, беше дел од Team Building проектот кој вклучуваше патување низ Хрватска (јадранско приморје) на Катамаран 450S Lagoon.

Патувањето овозможено од компанијата, беше поттик и мотивација да се постават и достигнат нови цели за нови победи и нови предизвици, подобри комуникациски вештини помеѓу тимот и унапредување на севкупното работење.

Еуроимпекс низ годините постојано се залага и вложува во своите вработени, преку разноразни обуки, проекти, истражувања, анализи и team building проекти. На овој начин, вработените имаат можност уште повеќе да навлезат во проблематиката на секој еден проект или настан во секјдневното работење и да се справат со можните критични настани на најефективен начин. Мотивацијата и позитивното работење на тимот вработени е од голема важност за компанијата. Само здрава работна околина и задоволен тим можат да придонесат за еластичен пристап кон проблематичните ситуации и за остварување на сериозен успех во работењето.

Одличната организација се должи на ПАМПУР (прва авантуристичка македонска поморска ударна регата) и им благодариме за одлично избраната рута.

sl1 sl2 sl3 sl4 sl5 sl6 sl7