Признание „Томислав Биљарац“ доделено на основачот на Еуроимпекс - Владимир Воиновски Скопје, 11.5.2018


Признание „Томислав Биљарац“ доделено на основачот на Еуроимпекс - Владимир Воиновски Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ годинава по 23 пат го организира изборот кој е најстарата манифестација од ваков тип во Македонија.

Од моделите пристигнати на македонскиот пазар, Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ согласно (Правилникот за работа) и критериумите на изборот, одреди десет 10 финалисти кои годинава конкурираа за титулата „Автомобил на годината во Македонија за 2018“. Оваа година Dacia Duster е избран за „автомобил на годината за 2018та“.

Покрај оваа титула, националното жири за прв пат доделува признание за животно дело наречено „Томислав Билјарац“, во чест на доајенот на македонското автомобилско новинарство и прв претседател на жирито. Оваа година наградата се врачува за посебни придонеси и резултати во фелата на еден од творците на Еуроимпекс, Г-динот Владимир Воиновски.

„Ви благодарам за оваа чест. Како што знаете Еуроимпекс постои 28 години на пазарот во Македонија, а јас сум дел од почетокот на работењето на компанијата. Или поточно од далечната 1990 година. Низ сиве овие години со многу работа, труд и залагање Еуроимпекс прерасна во компанија високо позиционирана на пазарот. Мене ми е особено драго што ја примам оваа награда и посакувам да остане во традиција ова доделување во Македонија.“ – изјави основачот на Еуроимпекс Г-дин Владимир Воиновски.

sl1 sl2 sl3