Еуроимпекс – локален партнер во меѓународен проект во рамките на програмата Еразмус + Скопје, 17.5.2018


Еуроимпекс – локален партнер во меѓународен проект во рамките на програмата  Еразмус + И оваа година, Еуроимпекс, продолжи да соработува со средното сообраќајно училиште АСУЦ Боро Петрушевски – Скопје, во рамките на програмата Еразмус +, во проектот “Искуствата од Европскиот образовен систем и социјалното партнерство, имплементирани во тековните реформи во стручното образование во земјата”

Во рамките на проектот, 10 ученици од III година, од машинска струка, се обучуваа во сервиси за возила во Севиља-Шпанија, во периодот од 22.4.2018 до 6.5.2018 год. На практичната обука во Шпанија и претходеше подготвителен период, кај долгогодишниот социјален партнер на АСУЦ Боро Петрушевски - Еуроимпекс.

Шестмесечната подготовка на учениците, се реализираше во сервисот за возила на Еуроимпекс ДОО, кој ги понуди на располагање сите свои ресурси, менторство, опрема и алат, со цел учениците да бидат поуспешно подготвени за претстојната обука во Севиља и да можат соодветно да одговорат на барањата за проектот. Степенот на подготвеност на учениците, за претстојната обука во Севиља, беше следен и евидентиран во соодветна документација од страна на одговорни лица од Еуроимпекс.

Подготвеноста на учениците за мобилноста во Шпанија, беше на високо ниво, поради фактот што учениците веднаш се вклучија во процесот на дијагностика на моторните возила за време на обуката во Шпанија, а исто така менторите го истакнаа и своето задоволство од подготвеноста на учениците, веднаш, директно да се вклучат во процесот на сервисирање и да работат на сложени дефекти кај различни типови на возила, употребувајќи најсовремена опрема и алат, со што се потврдува значењето на Еуроимпекс, како локален партнер, кој како и секоја година, имаше огромен придонес и за овој проект.

Придонесот на Еуроимпекс, за развојот на автомобилската индустрија во државата е од огромно значење, пред се поради фактот што преку овие проекти, сервисите за возила се здобиваат со висококвалификувана работна сила, бидејќи преку практичната обука во странство, се зголемува степенот на професионалност на учениците, тие се стекнуваат со вештини и знаења во областа на автомобилската мехатроника во современи сервиси за возила, професионално усовршување, поврзување на теоретските знаења за современите системи кај моторните возила со практиката, индивидуален професионален развој, стекнување на високоценети и меѓународно признати сертификати и сл.

sl1 sl2 sl3