ОДЛИЧЕН РЕЗУЛТАТ НА ТЕСТИРАЊЕТО НА ТЕХНИЧКИ СОВЕТНИЦИ Скопје, 24.4.2017


ОДЛИЧЕН РЕЗУЛТАТ НА ТЕСТИРАЊЕТО НА ТЕХНИЧКИ СОВЕТНИЦИ   Во периодот од 19.4.2017 до 22.4.2017, Техничките Советници од сервисните центри на Automobiles Peugeot, од Македонија и Албанија, го посетија Регионалниот Центар за Обука на Automobiles Peugeot, сместен во Загреб, Хрватска, каде се изврши тестирање во рамките на брендот со цел да се провери моменталното ниво на знаење и компетентност за извршување на пост-продажните активности на вработените во одделот за пост-продажба во мрежата.

Екипата составена од 5 (пет) Технички Советници од мрежата во Македонија и 1 (еден) од Албанија покажа завиден резултат со вкупно над 90% точни одговори, што дава за право да се каже дека активностите кои ги превзема импортерот за регионот Еуроимпекс ДОО од Скопје, одат во посакуваниот правец.

Покрај наведеното тестирање, споменатите Технички Советници земаа и активно учество на обуката во однос на ГЕОМЕТРИЈА НА ПОДВОЗЈЕТО НА ВОЗИЛАТА, каде низ теоретски и практични примери се стекнаа со нови знаења, кои имаат за цел да ги пренесат на останатите вработени во мрежата, а се со цел давање на квалитетна услуга на клиентите во делот на пост-продажбата и сервисирањето на возилата.

И овој пат како и досега Еуроимпекс ДОО ја покажа својата спремност и заложба да инвестира во знаењето на своите вработени, како истите би биле во чекор со новите техники и технологии на брендот Automobiles Peugeot.

sl1 sl2 sl3 sl4 sl5 sl6 sl7 sl8 sl9