Со огромна чест и задоволство известуваме дека тимот од секторот за Резервни делови при Еуроимпекс, генерален увозник за Peugeot во Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, е повторен победник на натпреварувањето за 2016 година кое секоја година го организира Принципалот - Automobiles Peugeot за своите импортери.
Наградата беше доделена во Севиља, Шпанија, а ја подигна г-дин Зоран Серафимовски, менаџер на секторот за Резервни делови.
Меѓу 50те учесници, поделени во пет групи, Еуроимпекс (секторот за резервни делови), ја покажаа нивната мотивација во текот на годината да се развијат активностите на секторот за резервни делови и услуги во 2016 година, остварувајќи активности за подобрување на ефикасноста, подобрување на комерцијалното работење и професионализирање на мрежата.
Од 9 до 16 мај 2017 година, во Севилја, Шпанија беа доделени признанијата.