ПРИЗНАНИЕ ЗА ЕУРОИМПЕКС ОД МАШИНСКИОТ ФАКУЛЕТЕТ СКОПЈЕ Скопје, 21.6.2017


Признание за Еуроимпекс од МФС Овој викенд на 17.6.2017 година се одржа свечена церемонија на Машинскиот Факултет во Скопје на која на 53 генерација студенти на после-дипломски и до-дипломски студии им беа врачени дипломите за успешно завршување на студиите. Беа врачени вкупно 37 дипломи на завршени магистранти, 120 на до-дипломци (четири годишни студии) и 50 до-дипломци (три годишни студии).

На свечената церемонија на која присуствуваа голем број на гости од општественото живеење, деканот на факултетот проф. д-р Дарко ДАНЕВ на претставникот на Еуроимпекс ДОО му врачи признание за особено залагање во проектите од заеднички интерес.

Со ова уште еднаш се докажа соработката на високо ниво на Еуроимпекс со научно истражувачките институции, во делокругот на заедничкото работење.

sl1 sl2 sl3 sl4 sl5