На УТМС предавање одржа маркетинг директорот на „Еуроимпекс“, г-ѓа Ивана Манчева-Михајовска Скопје, 25.03.2016


На УТМС предавање одржа маркетинг директорот на „Еуроимпекс“, г-ѓа Ивана Манчева-Михајовска Во рамките на програмата за повикување на гости предавачи од различни области кои се составен дел од програмите на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, на 23.03.2016 пред студентите од УТМС предавање одржа г-ѓа Ивана Манчева Михајловска, маркетинг директор на „Еуроимпекс“,генерален увозник на автомобилите Peugeot за територија на Република Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора и Србија. Гостинот предавач говореше на тема „Процес на креирање на кампања со фокус на дигиталните медиуми”.

Г-ѓа Михајловска најнапред во своето излагање генерално ги престави маркетинг стратегиите на Peugeot, при тоа образложувајќи дека брендот Peugeot ги адаптира своите маркетинг стратегии во зависност од земјата во која ги пласира своите автомобили.

„Пред да се креира било каква маркетинг стратегија, потребно е добро да се познава пазарот односно неговите Закони, економски показатели, култура, конкуренција и тн. “, рече Михаловска која посочи дека во спроведената маркетинг кампања за моделот „Peugeot 208“, иако се користеле повеќе медиуми за кампањата, како телевизијата, весниците, билбордите, web-страните, дигиталните медиуми и радиото, сепак најголем “feedback” имале со рекламирањето на дигиталните медиуми.

На крајот на предавањето г-ѓа Михајловска ги покани сите присутни на тест возење на моделите на Peugeot.

sl1 sl2 sl3 sl4 sl5