ЕУРОИМПЕКС - ПОЧЕСЕН ГОСТИН НА 7МИОТ РОДЕНДЕН НА ЕСТРАДНИОТ МАГАЗИН BACKSTAGE! Скопје, 25.03.2016


ЕУРОИМПЕКС - ПОЧЕСЕН ГОСТИН НА 7МИОТ РОДЕНДЕН НА ЕСТРАДНИОТ МАГАЗИН BACKSTAGE! Еуроимпекс, Генерален увозник за Peugeot на територија на Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија покрај долгогодишната соработка беше почесен гостин на 7миот роденден на естрадниот магазин Backstage!

Манифестацијата се одржа на ден 24.03.2016 година во просториите на Македонскиот Народен Театар во Скопје со почеток во 20:00 часот, на која присуствуваше поголемиот дел од македонската естрада.

Со ведар дух и многу возбуда, под светлата на Македонскиот Народен Театар блескаше моделот Peugeot 2008, во сива металик боја, кој ги пречекуваше гостите.

Имено моделот 2008 за прв пат се појавува на нашиот пазар во 2013та година како „Градски авантурист“ или уште попознат како Crossover.

Peugeot 2008 успешно ги комбинира традициите: елеганцијата на стилскиот дизајн на брендот, смелоста и цврстината на модерниот crossover како и компактната природа на урбаното возило.

Предната маска ја претставува силата и префинетоста додека пак динамичниот профил ја нагласува пространоста и неговиот уникатен стил. Динамичната кровна линија со елегантен свиок над задните врати е во функција на обезбедување повеќе простор, но e и декоративен елемент.

Дизајнот на задниот дел, истовремено манифестира сила и динамика. Над багажникот се забележува стилска вдлабнатина, која е инспирација од RCZ. Задните светла на двете страни од широкиот капак на багажникот вклучуваат три вертикални светлосни ленти со LED светла во нивниот долен дел.

Шарите на покривот го дополнуваат впечатокот за движење и авантури, а широката стаклена површина и панорамскиот покрив ветуваат просторна кабина и одличен панорамски поглед.

Овие карактеристики не останаа незабележани од страна на присутните кои постојано упатуваа погледи кон градскиот шармер.

sl1 sl2 sl3 sl4