Изложба на Автомобили и Моторцикли – АСУЦ Скопје, 16.5.2016


Изложба на Автомобили и Моторцикли – АСУЦ  Викендов, на 15.5.2016 година на полигонот на Авто-Сообраќајниот Училишен Центар АСУЦ “Боро Петрушевски” се одржа вториот по ред собир за сите љубители на автомобили и мотори.

На настанот учествуваа околу 300 автомобили поделени во неколку категории, и тоа на: youngtimers, oldtimers, tuned cars, sound quality check и luxury cars.

На овој настан и Еуроимпекс ДОО, имаше забележителен настап со изложување на 3 возила (Peugeot 404 од 1972 година, 2 теренски возила JEEP KAISER CJ5 од 1967 и 1968 година), 1 моторцикл (Rog Pony Express од 1973 година), како и едно возило во категоријата на тјунирани возила (Peugeot 308 со 125 КС) и секако производите на Professional Tuning.

Oваа година од страна на Еуроимпекс беа изложени и маслата Total и Valvoline, како и програмата на пневматиците Toyo Tires со што уште еднаш и на дело се покажа долгогодишната успешна соработка помеѓу компанијата и училиштето.

Се радуваме што изложбата на автомобили која ја организира Авто-Сообраќајниот Училишен Центар „Боро Петрушевски“ од Скопје станува традиција – по одличниот настан од минатата година, очекувањата беа навистина големи – и можеме да кажеме дека беа исполнети.

sl1 sl2 sl3 sl4 sl5 sl6 sl7 sl8 sl9