Еуроимпекс како официјален увозник на моторните масла ТОТАЛ од неодмана е во деловна партнерска соработка со единствениот овластен импортер на тешки товарни возила од брендот МАN во Македонија.
По барање на директорот на пост продажба од МАН ИМПОРТЕР, г-дин Никола Стојановски за неговиот тим вработени од секторот за резервни делови и сервис имавме договорено презентација на моторни и трансмисиони масла од програмата на ТОТАЛ.
Оваа средба се одржа на ден 05 ноември 2015 во Еуромпекс на која беа презентирани масла кои се дизајнирани да ги исполнуваат ЕURO 6 нормите за емисија на издувни гасови и најстрогите критериуми поставени од МАН како производител.
Презентацијата беше интерактивна и имаше размена на информации и од технички и од комерцијален аспект.
Со оваа презентација успеавме да ја подигнеме техничката подготвеност на повисоко ниво, а успехот во иднина ќе биде заеднички и нашите партнерски врски уште појаки.