ЕУРОИМПЕКС ПРЕТСТАВЕНА СО 10 БРЕНДОВИ НА ТЕХНОМА 2015 Скопје, 16.10.2015


Tehnoma 2015 Од 13.10.2015 до 17.10.2015 во Скопје се одржа 41-иот Меѓународен саем за металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита – “ТЕХНОМА“.

Нашата компанија Еуроимпекс беше една од изложувачите на саемот. Своите брендови ги изложуваше во Хала 3 меѓу кои беа:

Banner акумулатори - Австриска компанија со интернационално реноме. Повеќе од 17 години Banner акумулаторите со познатиот симбол -бик, ги исполнуваат врвните стандарди за квалитет. Акумулаторите Banner гарантираат веродостојна функционалност, понудуваат највисок степен на квалитет кој е резултат на дологодишното искуство и иновација.

4 различни брендови на алати (Millwaukee,Bahco,AEG и Irimo) - Milwaukee е водечки индустриски производител на рачен електричен и акумулаторски алат и прибор, наменет за тешки услови на работа за професионални корисници ширум светот. Bahco е пионер во eргонoмија на рачниот алат и првиот научен пристап во конструкција на истиот. AEG Powertools е препознатлив бренд со долга традиција и добро прифатен на македонскиот пазар од страна на потрошувачите. Irimo е синоним за доверлив квалитет, функционалност и сигурност во рачен алат веќе 80 години. Irimo алатите професионалците ги избираат, бидејќи им веруваат!

Со користење на истите, потрошувачите добиваат сигурен квалитет, постојаност, достапност, функционалност и сигурност за употреба во металната, автомобилската и градежната индустрија.

Професионален тјунинг на возила со CSS Performance Tuning, Alientech, Ragazzon, Vogtland - Тјунирањето подразбира надградба на долгогодишното искуство во дијагностицирање и сервисирање на возила. А за уште поголема сигурност, секој софтвер пред неговото вчитување во возилото е претходно тестиран на друго исто такво возило.

Alientech е италијанска компанија која од 1991 година работи на подобрување и корекција на датотеките за стандардните и автомобили за трки. Благодарение на уредите и софтверите развиени од страна на високо квалификуван инженериски тим, денес Alientech е една од референтните компании во “chiptuning”.

CSS Performance Tuning е резултат на долгогодишно истражувње, развој и искуство во автомобилската технологија.

Издуви Ragazzon – Преку издувите на Ragazzon, клиентот не само што добива менување на звукот, туку и подобрување на перформансите (од 5 до 15 КС во зависност од возилото). Карактеристично за овие издуви е нивната изработка што се карактеризира со многу малку заварени споеви на иноксниот материјал, што е генерална стратегија на овој бренд.

Vogtland амортизери – Vogtland Спорт пружините се произведени од посебни материјали, челици со висока цврстина и со користење на процесот на ладно виткање. Ова обезбедува намалување на тежината кое допринесува за ефикасно намалување на тежината на возилото за подобри перформанси.

Јапонскиот бренд на гуми со високи перформанси Toyo Tires, за кои Еуроимпекс од неодамна стана Генерален увозник за Македонија - Toyo Tires е еквивалент на јапонската технологија и е бренд со реноме и врвен квалитет, што докажува и долгата листа на автомобилски брендови во кои Toyo гумите се прво вградување.

Интересен податок за Toyo Tire & Rubber Co. тоа дека оваа компанија е еден од водечките светски производители на гуми со сопствени филијали или компании застапници во преку 100 земји во светот. Во овој момент компанијата брои преку 6.000 вработени, а основана е пред 70 години, во1945-та. Седиштето на групацијата е лоцирано во Осака во Јапонија. А, во Европа, Toyo Tires е присутна веќе 40 години, со седиште во Willinch, Германија.

Големиот број на посетители се запознаа со сите нови производи од наведените брендови, ги добија потребните информации за нивното користење, начинот на употреба и цената.

На истите им беше дадена можноста за производите да добијат соодветни печатени материјали како каталози и флаери.

sl1 sl2 sl3 sl4 sl5 sl6 sl7 sl8 sl9 sl10 sl11 sl12 sl13 sl14