Ловиште „Ниџе“ на саем за лов и див свет во Париз Скопје, 22.04.2015


Ловиште Ниџе на саем за лов и див свет во Париз Од 10 до 13 април 2015 во Париз, се одржа добро познатиот интернационален саем за лов и див свет Rambouillet, кој ги отвори вратите на 10 000 брендови, 400 излагачи и 40 000 посетители.

Ловиштето „Ниџе“ на саемот под слоганот „Лов во Македонија“ ја промовираше својата земја преку богатата програма на ловиштето, репроцентарот, своите сместувачки капацитети, но и преку природните богатства и културното наследство.

„Еуроимпекс“ е концесионер и инвеститор во ловиштето „Ниџе“ и тоа од септември 2010 година, па во следните 20 години. „Еуроимпекс“ се обврза на сериозна инвестиција, стартувајќи веднаш со имплементација на проектот. За кусо време постигнати се сериозни и значајни резултати, меѓу кои се: воведен ред во ловството, формирање ловочуварска служба, опремување на канцеларијата во Битола, оградување, превземени мерки за заштита на дивечот од болести, редовна евиденција на застреланиот дивеч, изградба на складишта за храна, изградба на водни акумулации, изградба на одгледувачница за интензивен одгој на дива свиња, развивање на ловна и пропратна инфраструктура и патишта, изградба на ловна куќа, изградба на ловен хотел со 10 апартмани, изградба на ловочуварска куќа, извршен е увоз на 327 грла дивеч и создаден е репроцентар кој брои 500 грла.

Во ловиштето може да се лови во оградена и на отворена површина. Во ловиштето редовно или периодично се среќаваат: срна, дива свиња, зајак, еребица камењарка, разни видови на гулаби, шумска шљука и други видови на пердувест и влакнест дивеч. Од дивеч без заштита може да се сретнат: волк, лисица, ласица, куна белка, куна златка, твор, страчка, јастреб кокошкар и други. А репроцентарот располага со елени лопатари, горски елени, сика елени, берберски овци, дива свиња, срна, муфлони, дива коза, хималајски тар и други.

Разновидниот растителен и животински свет, убавите пејзажи, но и клучната историска улога за време на Првата светска војна, го прават ловиштето атрактивно и за ловните туристи и за сите вљубеници во природата.

Повеќе за ловиште „Ниџе“ на http://www.HuntingInMacedonia.com.mk

sl1 sl2 sl3 sl4 sl5 sl6 sl7 sl8 sl9