ПРОФЕСИОНАЛЕН ТЈУНИНГ НА СИТЕ БРЕНДОВИ НА ВОЗИЛА Скопје, 19.05.2015


ПРОФЕСИОНАЛЕН ТЈУНИНГ НА СИТЕ БРЕНДОВИ НА ВОЗИЛА Професионално софтверско тјунирање на возила е достапно во „Еуроимпекс“ од февруари 2014 година. Станува збор за CSS Professional Tuning софтверите од Словенија и Alientech уредите од Италија. За зголемување на моќноста на возилата со овие софтвери се добива гаранција сè додека возилото е во возна состојба.

Професионалното работење и успешното застапство на CSS Professional Tuning софтверите од Словенија и Alientech уредите од Италија, доведоа до зголемување на полето на работа во сферата на тјунингот и „Еуроимпекс“ како Генерален застапник ја надгради својата понуда со италијанскиот бренд Ragazzon за висока класа на спортски издиви и германскиот бренд Vogtland за суспензија со високи перформанси.

Сега можеме да понудиме многу повеќе за љубителите на тјунингот, а воедно притоа клиентите добиваат максимален квалитет и професионална изведба. Преку издувите на Ragazoon, клиентот не само што добива менување на звукот, туку и подобрување на перформансите (од 5 до 15 КС во зависност од возилото). Карактеристично за овие издуви е нивната изработка што се карактеризира со многу малку заварени споеви на иноксниот материјал, што е генерална стратегија на овој бренд.

Vogtland амортизерите обезбедуваат врвен квалитет и врвни перформанси на суспензијата. Станува збор за реномиран и добро познат бренд на јавноста со повеќе од 100 годишна традиција.

Кога сме кај професионалното тјунирање на возила, „Еуроимпекс“ е првата компанија во Македонија која овозможува компаративно тест возење, што е особено важно кога станува збор за категорија на производи како што е софтверското тјунирање.

Во саботата (16-ти мај) посетителите на настанот за компаративно тест возење имаа можност да тестираат и споредуваат. Присутните, имаа прилика да го возат „Автомобилот на годината за 2014-та“ во Европа, Peugeot 308 и тоа во две изведби: нетјунирано возило со 1.6 HDi мотор и 92КС и тјунирано возило со истиот мотор но со добиени 115КС, вграден Ragazzon издув и аплицирана Vogtland суспензија која возилото го прилепи до земја за дополнителни 2cm.

„Еуроимпекс“ е компанија која веќе бележи 25 годишен развој во нашава земја. Често ја споменуваат како Генерален увозник за Peugeot во Македонија, Србија, Црна Гора и Косово, но покрај тоа станува збор за сериозен застапник и на Тотал масла, Банер акумулатори и 4-ри брендови на алати. Компанијата функционира на 2 локации во претставителни објекти по стандардите на автомобилскиот бренд Peugeot.

„Еуроимпекс“ во сервисот на ул. Скупи бб во Скопје, врши сервисирање и професионално тјунирање на сите брендови и модели на возила.

sl1 sl2 sl3 sl4 sl5 sl6 sl7 sl8 sl9 sl10