ЕУРОИМПЕКС ДОО на Изложбата на олдтајмери, луксузни и модифицирани автомобили Скопје, 27.05.2015


ЕУРОИМПЕКС ДОО на Изложбата на олдтајмери, луксузни и модифицирани автомобили Викендов на 24.05.2015 година на полигонот на Авто-Сообраќајниот Училишен Центар АСУЦ “Боро Петрушевски” се одржа нивниот прв и промотивен собир за сите љубители на автомобилите и моторите, настан со кој се промовираше и самото училиште кое ги оспособува учениците во правецот на автомобилизмот. Мораме да ги пофалиме организаторите за овој нивен прв собир на кој учествуваа околу 200 автомобили поделени во неколку категории, и тоа на: youngtimers, oldtimers, tuned cars, sound quality check и luxury cars.
Се надеваме дека овој настан ќе прерасне во една долгогодишна традиција на која ќе се изложуваат се повеќе и повеќе интересни автомобили.
На овој настан и Еуроимпекс ДОО, имаше забележителен настап со изложување на 2 возила (Peugeot 404 од 1972 година и JEEP KAISER CJ5 од 1967 година) и 1 моторцикл (Rog Pony Express од 1973 година), како и едно возило во категоријата на тјунирани возила (NEW Peugeot 308 со 115 КС), со што уште еднаш и на дело се покажа долгогодишната успешна соработка помеѓу компанијата и училиштето.

sl1 sl2 sl3 sl4 sl5 sl6 sl7 sl8 sl9 sl10