ЕУРОИМПЕКС – поддршка во реализација на Проект “Дијагностика на современите моторни возила”во рамките на програмата “Еразмус +” Скопје, 27.02.2015


Еразмус + Познато е дека Еуроимпекс дава максимална поддршка за младите и нивниот развојно едукативен процес. Овој пат, овозможи практична настава на учениците од средното стручно училиште Асуц Боро Петрушевски, на тема мобилност во период од 01.11.2014 до 26.02.2015 година.


Подготовката на учениците за мобилност беше реализирана во сервисните центри на Еуроимпекс, а мобилноста на учениците во траење од две недели ќе се реализира во соодветните сервиси во Севиља – Шпанија, во март – 2015 година.


Еуроимпекс повторно ја даде својата поддршка за реализација на истиот со цел:

      - запознавање на учениците со образовните активности во областа на мехатрониката
      - здобивање на искуства во областа на професионалната пракса, кои ќе придонесат за професионалниот развој на учениците во оваа област
      - усовршување на вештините и знаењата на учениците во областа на автомобилската индустрија
      - примена на теоретските знаења на учениците во праксата
      - поттикнување на останатите компании/сервиси, за придонесување на поголема мобилност на учениците и нивно усовршување на практичниот дел

„Со реализирањето на овој проект, професионалните вештини на учениците ќе достигнат повисоко ниво, во процесот на сервисирање, поправка и сервисирање на мехатронските системи кај современите моторни возила, компјутерска дијагностика на неисправностите, детектирање на неисправностите кај електронските системи, и сервисирање на електричните, хидрауличните и пневматските системи. Нам ни е драго што Еуроимпекс повторно учествува во еден ваков проект за поддршка на студентите и има за можност да биде дел од нивните идни остварувања и способности“ – Изјави Васил Стамболсики, директор на сервис и претставник на раководството за квалитет, кој воедно го менторираше целиот проект.

Во рамките на подготовката за мобилноста, учениците кои посетуваа практична настава во сервисните центри на Еуроимпекс, имаа комплетна поддршка од страна на менторите во однос на образовната компонента, а воедно и техничка поддршка со најсовремена соодветна опрема, за реализирањето на практичните задачи.

Подготовката беше соодветно водена од страна на одговорните лица од компанијата Еуроимпекс, пополнувајќи соодветна документација, работни тетратки за дневни активности на учениците, тестови за соодветните предзнаења на учениците, евалуациони документи за постигнатите знаења на учениците од страна на менторите и слично.

sl1 sl2 sl3 sl4 sl5 sl6 sl7