Во кругот на Генералниот импортер за Peugeot возила во земјава и регионов, „Еуроимпекс“, се одржа спектакуларен настан со совршен спој меѓу минатото и иднината. Историски old timer возила и големото тест возење на моделите на Peugeot ги раздвижија Скопјани кон двата Blue Box-a на Peugeot.
Изложбата беше свечено отворена со претставување на програмите кои беа изложени и со оддавање почит кон сите изложувачи на историски возила. И покрај жешкиот ден, публиката уживаше. Најмладите беа пресреќни бидејќи домаќините специјално за нив подготвија боенки со историски нови Peugeot возила.
„Тоа што минатата година на состанокот се договоривме со изложувачите, оваа година ги испочитувавме. Оценувањето на возилата го врши стручна жири комисија составена од професионалци. Нејзини членови се:
- Г-дин Васил Стамболиски, Претседател на комисијата за историски возила
- Г-дин Томислав Биљарац –Член на комицијата
- Г-дин Мојсије Милосавњевски – Член на комисијата
- Г-дин Цане Костовски – Член на комисијата
- Г-дин Јовче Стефанов – член на комисијата.
Оваа година:
- Најстарото изложено возило е возилото Fiat Topolino, произведено во 1936 година.
- Најстарото Peugeot возило е возилото Peugeot 404, произведено во 1968 година.
- Најстар мотоцикл на оваа изложба имаат можност да го видат и мотоциклот Yawa, произведен во 1930 година.
– изјави г-динот Димитрије Пеливанов, Делегат на X-тата меѓународна изложба на историски возила и Директор на АМК Џип рели спорт.
„ Тимот кој победува не се менува. Нам ни е голема чест што повторно имаме можност да организираме настан од ваков карактер. Настанот ќе има двоен карактер – посетителите ќе имаат прилика преку историските возила да се „навратат наназад“, но и да погледнат во „иднината“ тестирајќи ги новите модели на Peugeot. Сето, повторно има своја симболика – историјата на „олд тајмерите“ се конектира со историјата на нашата компанија,... Во оваа 2015-та година го одбележуваме 25 годишното успешно функционирање на Еуроимпекс. А, за овие 25 години, зад нас имаме реализирано мноштво на успешни проекти. - Изјави Ивана Манчева Маркетинг директор на Еуроимпекс и додаде:
„Тест центарот на Peugeot е поставен пред влезната врата на изложбениот салон, а врвниот тим на Еуроимпекс е на располагање на сите љубопитни и потенцијални клиенти. Ја имаме изложено и програмата на професионален тјунинг, посетителите можат да направат компаративно тест возење на тјунирано и нетјунирано возило, програмата на маслата Тотал е исто така изложена, а посетителите исто така имаат можност да погледнат презентација на репарација на вертробранско стакло.“