Професионален тјунинг со настап на вториот Car Show во Гевгелија Скопје, 09.06.2015


Професионален тјунинг со настап на вториот Car Show во Гевгелија Тимот на Еуроимпекс ја изложи програмата на Професионален Тјунинг во саботата на 07.06.2015 година, на вториот Car Show настан во Гевгелија. Од страна на Еуроимпекс беше изложено тјунирано возило Peugeot 308 (пред тјунирање - 92 КС / после тјунирање - 124 КС).

На истото возило беше извршена промена на издувен систем Ragazzon + променети пружини Vogtland со кои е намалена висината за 30 mm.

Посетителите имаа можност да се информираат за перформансите на возилото и нашите два нови бренда кои од неодамна ги застапуваме: Vogtland суспензија и Ragazzon издувни системи.

Натпреварувачите се натпреваруваа во 5 категории и тоа: OLDTIMERS, YOUNGTIMERS, ТЈУНИРАНИ ВОЗИЛА, ПРОВЕРКА НА ЗВУЧНИОТ КВАЛИТЕТ, ЛУКСУЗНИ ВОЗИЛА + СИТЕ ВОЗИЛА.

sl1 sl2 sl3 sl4 sl5 sl6 sl7