САЕМСКО ПРЕТСТАВУВАЊЕ - ТЕХНОМА 2014 Скопје, 18.10.2014


САЕМСКО ПРЕТСТАВУВАЊЕ - ТЕХНОМА 2014 Од 14.10.2014 до 18.10.2014 година во Скопје се одржа 40-тиот Меѓународен саем за металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита – “ТЕХНОМА“.

Нашата компанија пред посетителите на саемот ги промовираше производите од познатите светски брендови Бахко (BAHCO) - рачен и машински алат, Милвоки (Milwaukee) – електрични и акумулаторски алати и прибор, АЕГ (AEG) – електрични алати, Банер (BANER) – акумулатори како и Тотал (TOTAL) –масла.

Воедно беше претставена новата технологија на уредите AlienTech, за кои Еуроимпекс стана прв застапник во Македонија.

Во склоп на саемот Еуроимпекс како генерален увозник за Peugeot, се претстави и со својата товарна програма каде најголем акцент беше ставен на новиот модел Boxer, за кој следеше и куса презентација.

Истовремено беа извршени презентации за коригирање на ветробранско стакло и полирање на фарови каде интересентите можеа на самото место да ја проследат целата процедура.

Големиот број на посетители се запознаа со сите нови производи од наведените брендови, ги добија потребните информации за нивното користење, начинот на употреба и цената.

sl1 sl2 sl3 sl4 sl5 sl6 sl7 sl8 sl3