ЕУРОИМПЕКС ПО ШЕСТИ ПАТ меѓу победниците во Пост-Продажба и Сервис, на Светското натпреварување организирано од страна на Automobiles Peugeot Скопје, 19.05.2014


ЕУРОИМПЕКС ПО ШЕСТИ ПАТ меѓу победниците во Пост-Продажба и Сервис, на Светското натпреварување организирано од страна на Automobiles Peugeot Еуроимпекс ДОО долга низа години е учесник на натпреварувања организирани на светски рамки на ниво на импортери од страна на Automobiles Peugeot. Во натпреварувањата се зададени задачи и цели со чие исполнување се добиваат поени со кои се вреднува работењето на импортетот во земјата како и на неговата овластена сервисна мрежа, во однос на пост-продажните активности, резервните делови и дополнителната опрема и сервисните промоции.

Нашата мрежа со Еуроимпекс како импортер, победи во натпреварувањето за пост-продажба, што им појде од рака само на уште неколку европски земји како: Албанија, Бугарија, Романија, Ирска и Естонија.

Од страна на Еуроимпекс ДОО беше поканет Г-дин Васил Стамболиски, одговорен за Пост-продажба да присуствува на доделувањето на признанието освоено како резултат на високо постигнатите резултати во 2013 година.

Доделувањето на признанијата се случи на 19.05.2014 год во конгресната сала на бродот MSC, некаде во водите на Норвешка, каде во отсуство на г-дин Антонио Гонзалес Директор на резервни делови и сервис претходеше пригоден говор наменет кон Еуроимпекс ДОО и неговата пост-продажна мрежа од страна на г-ѓа Севрин Лорент, Раководител на одделот за пост-продажба и резервни делови во Automobiles Peugeot – Импортери. За време на говорот беа споменати одличните резултати постигнати од страна на Еуроимпекс, напоменувајќи ги:

      - големиот дел на промоции на резервни делови и сервис за постари возила,
      - прекрасната промоциаја и презентација на брзи каросериски поправки и репарација на ветробранско стакло,
      - организираните тест возења како добра практика за анимација на купувачите,
      - користењето на Facebook како алатка за информирање и промоција на пост-продажните активности,
      - организираните обуки и натпреварувања за сервисните советници,

И оваа награда како потврда за сработеното, дополнително ги мотивираше професионалците на Peugeot во Македонија за постигнување на уште повисоки резултати.

sl1 sl2 sl3