Од 25.03.2014 до 30.03.2014 година во Скопје се одржа 40 Меѓународен саем на мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти, репроматеријали и машини за индустрија на мебел.
Нашата компанија пред посетителите на саемот ги промовираше производите од познатите светски брендови Бахко (BAHCO) - рачен и машински алат, Милвоки (Milwaukee) – електрични и акумулаторски алати и прибор, АЕГ (AEG) – електрични алати.
Големиот број на посетители се запознаа со сите нови производи од наведените брендови, ги добија потребните информации за нивното користење, начинот на употреба и цената. На истите им беше дадена можноста да погледнат видео презентации за производите и да добијат соодветни печатени материјали како каталози и флаери.
Истовремено, покрај алатите, бевме присутни и со Банер (BANER) – акумулатори како и Тотал (TOTAL) – масла на саемот за градежништво кој беше одржан од 04.03.2014 до 08.03.2014 година.