На 10.12.2014 година, во просториите на Сити Хол, Скопје, пред повеќе од 150 поканети лица од сферата на бизнисот, медиумите и естрадата, актери, режисери, музичари, пријатели, Еуроимпекс заслужено го доби престижното признание SUPERBRANDS 2013/2014 за Македонија.
На самата манифестација наградата ја прими генералниот директор на Еуроимпекс г-динот Даниел Воиновски.
Меѓу другите успеси и ова признание останува, во иднина да сведочи за ефектната 25 годишна работа на компанијата.