Еуроимпекс генерален застапник за CSS Professional Tuning Скопје, 11.02.2014


Еуроимпекс генерален застапник за CSS Professional Tuning  Еуроимпекс официјално стана генерален застапник за CSS Professional Tuning, со лиценцирани софтвери на Alientech од Италија, преку официјалниот застапник CSS Performance Tuning од Словенија.

„Тјунирањето возила кај нас е надградба на долгогодишното искуство во дијагностицирање и сервисирање на возила од страна на стручен тим. Покрај тјунингот ние ви нудиме дијагностика и сервисирање на Вашето возило, како и поправка на моторни компјутерски единици, компјутери за AIRBAG и други системи на автоелектрониката, која може да се најде во современите возила. Дијагностиката ја вршиме со различни дијагностички уреди, соодветни од за секој тип на возило.“ – изјави Васил Стамболиски, директор на сервис и постпродажба.

„Возењето на Вашето возило ќе биде по флексибилно и по енергично, а воедно и поекономично. Сето ова се должи на зголемување на вртежниот момент. За возило со турбо полнач на моторот, вртежниот момент се зголемува од 20% до 40%, додека за одредени модели и повеќе. Потрошувачката на гориво при нормално возење се намалува до 0,5 литри/ 100 км. Ако не сте задоволни со тјунингот, возилото ќе го вратиме во првобитната состојба.“ – изјави Зоран Темелковски, технички советник.

Повеќе информации на: FB/profesionalen.tjuning.

sl1