ЕУРОИМПЕКС ПРВ ЗАСТАПНИК ЗА АLIENTECH ВО МАКЕДОНИЈА! Скопје, 18.10.2014


AlienTech - ТЕХНОМА 2014 „Еуроимпекс“ на саемот „Технома 2014“ ги претстави AlienTech уредите за кои компанијата стана прв и генерален застапник за во Македонија.

„Alientech продажната мрежа опфаќа: 5 застапници во Америка , 1 застапник во Африка, 7 застапници во Азија, 5 застапници во Океанија и најбројни се во Европа – 65 застапници.

Еуроимпекс станува 66-тиот застапник на уредите на Alientech за Македонија“ – со гордост изјави Зоран Темелковски, Технички советник.

Италијанската компанија Alientech е основана во 1991 година, која започнува со истражување на електрониката која во тој момент почнува да се имплементира во возилата.

      - Во 1992 година веќе го прават првиот софтвер за модификација на софтверот (remapping), на мотoрниот контролен модул (ECU) и отворен e
        првиот онлајн сервис со база на податоци (BBS).
      - Во 1997 година се развива STEKIO, алатка која помага да се измери мешавината на горивото, компaктен и лесно пренослив.
      - Во 1999 година се до усовршува и се произведува STEKIO II.
      - ECM2001 е пуштен во 2001г.
      - 2007 е година на Powergate 2, направен со поголем екран и со зголемен број на типови возила.
      - 2009 година направен е KESSv2. Систем кој работи преку дијагностичкиот приклучок. Достапен за автомобили, мотоцикли, камиони, трактори
        и чамци.
      - 2013 е година на Powergate 3, програматор кој работи со OBDII конекција. Достапен за секого, овозможува лесна промена на софтверот и наменет
        за автомобили, камиони, трактори и чамци.

sl1 sl2 sl3 sl4 sl5 sl6