Peugeot 301. Специјално признание за адекватност на македонскиот пазар Скопје, 01.03.2013


Автомобил на годината 2013 Во рамките на манифестацијата „Автомобил на годината 2013“, Peugeot 301 е прогласен за најадекватен автомобил на Македонскиот пазар од страна на стручното жири.

Специјалното признание беше и официјално доделено на свечената манифестација од страна на Претседателот на жири комисијата.

Automobiles Peugeot, уште при самиот старт на создавање на 301 беше сигурен во себе. Го користеше своето долгогодишно искуство и експертиза и ја постигна целта! Создадено е возило соодветно за различни услови на патот и широк дијапазон на термературни разлики.

За да го докаже ова, Peugeot 301 имаше свое грандиозно патување... Изминати беа преку 10.000 километри, минувајќи преку 3 континенти и 17 земји, а Македонија беше една од нив.

Кај Peugeot 301 сè е некако во знакот на „ТРИ“ – 3 нивоа на опременост, 3 менувачи и 3 типа на мотори...