Еуроимпекс и Ротаракт Клуб Скопје на првиот „Семеен Спортски Ден“ Скопје, 29.5.2017


Еуроимпекс и Ротаракт Клуб Скопје на првиот „Семеен Спортски Ден“ Ротаракт Клуб Скопје, во соработка со Еуроимпекс и оваа година покрај тенискиот турнир „Ротаракт Опен 2017“ го организира првиот Семеен спортски ден (Family Sport Day), кој се одржа во саботата 27.5.2017 во спортскиот центар „Мондано“ во Скопје.

На настанот имаше очекувано огромен број на посетители, како и членови на клубот со своите семејства и учесници во различните спортски дисциплини.

Целта на овој настан е сите посетители со своите семејства да се дружат и да спортуваат заедно со децата со Даунов синдром, а да имаат можност да уживаат и во добра музика, скара и пиво.

Еуроимпекс повторно докажува дека една од основните работи покрај грижата за своите вработени е и грижата за надворешните засегнати страни и секогаш се стреми да поддржи што повеќе настани од овој тип.

sl1 sl2 sl3 sl4 sl5 sl6 sl7 sl8 sl9