ПРЕЗЕНТАЦИЈА ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ЕУРОИМПЕКС ОД СТРАНА НА ГЕНЕРАЛЕН УВОЗНИК НА РЕНОМИРАНИОТ ШВАЈЦАРСКИ БРЕНД ЗА АВТОМОБИЛСКА КОЗМЕТИКА RIWAX Скопје, 12.5.2017


ПРЕЗЕНТАЦИЈА ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ЕУРОИМПЕКС ОД СТРАНА НА ГЕНЕРАЛЕН УВОЗНИК НА РЕНОМИРАНИОТ ШВАЈЦАРСКИ БРЕНД ЗА АВТОМОБИЛСКА КОЗМЕТИКА RIWAX  На 8.5.2017 год. се одржа презентација во просториите на ЕУРОИМПЕКС од страна на фирмата Свиснес-Кар Виница која од март 2016 год. е генерален увозник на реномираниот Швајцарски бренд за автомобилска козметика RIWAX.

Производите на RIWAX беа презентирани од г-динот Marco Gorisek, интернационален менаџер на RIWAX кој е за втор пат во Македонија, со цел да даде поддршка на фирмите и стручните лица кои ги користат производите, за да можат да го искористат квалитетот на истите максимално, што ќе доведе до задоволни и среќни сопственици на возила.

На оваа работилница учествуваа 14 мајстори од различни фирми од Скопје, Гевгелија, Прилеп и вработените од лимаро-фарбарскиот дел на ЕУРОИМПЕКС. Особена чест ни претставува што присутните внимателно и критично, со многу прашања, го конфронтираа г-динот Marco Gorisek и за возврат им беше одговорено на поставените прашања.

Концептот на презентацијата се состоеше од два дела, така што во првиот дел приоритетно беа презентирани производите за професионално полирање и заштита на лакираните површини со помош на PX и RX линиите од RIWAX бидејќи правилното користење на сите производи е основа на таа работа. Учесниците добија професионални инструкции за правилна употреба и начин на работа со производите на RIWAX.

Во вториот дел, беа презентирани производите за хемиско чистење за нега на кожа, еко-кожа и текстилни површини. Учесниците на презентацијата добија можности и самите да работат со производите за да го увидат квалитетот, да поставуваат прашања доколку имаа нешто нејасно околу производите и начинот на работа со нив и докажаа дека се спремни и сами да работат со истите, како и тоа дека покажаа голема заинтересираност да ги видат новитетите што ги нудат производите и техниките на работењето.

За успешноста и квалитетот на презентацијата од страна на RIWAX Швајцарија, на присутните вработени во Еуроимпекс им беше доделен Сертификат.

sl1 sl2 sl3 sl4 sl5 sl6 sl7 sl8 sl9 sl10