Еуроимпекс со придонес за средните стручни училишта Скопје, 28.4.2017


Еуроимпекс со придонес за средните стручни училишта  Авто-Сообраќајниот Училиштен Центар „Боро Петрушевски“ од Скопје во соработка со Комора на Занаетчии во четвртокот на 27.4.2017 година, организираа настан во чест на средните стручни училишта. А секако како пријател и поддржувач на студентите и учениците Еуроимпекс зема свое учество.

Пред влезот на Комората на занаетчии, возилото Peugeot 2008 ги пречекуваше гостите занаетчии, претставници од ресорните министерства, агенции, соработници и експерти, а секако и студентите и учениците кои беа главниот фокус на настанот.

Манифестацијата ја отвори Претседателот на Занаетчиската комора Скопје, г-дин Никола Петров кој се заблагодари на партнерските организации, како Еуроимпекс за поддршката и вложувањето.

А потоа г-динот Александар Стрезов, наставник по машинска група предмети во АСУЦ Боро Петрушевски изјави: „Во оваа пригода би ја истакнал соработката и поврзаноста на занаетчиската комора Скопје како и социјалниот партнер Еуроимепкс, Доо и занаетчиите од авто техничката страна. Соработката е плодна и взаемна со производителите, продавниците и сервисерите на возилата кои ги наметнуваат промените во средно стручното образование за потребите на пазарот на трудот“.

Еуроимпекс секогаш се стреми кон создавање на квалитетна работна сила на пазарот на трудот, преку потпомагање во вакви и слични настани со цел подобрување на квалитетот на средното стручно образование како и практичните вештини и компетенции кои подоцна ќе може директно да ги искористи и вклучи во процесот на работа.

sl1 sl2 sl3 sl4 sl6 sl7 sl8