Регионална обука за новиот SUV PEUGEOT 5008 Скопје, 7.11.2017


Регионална обука  за новиот SUV PEUGEOT 5008  На ден 5.11.2017, во Еуроимпекс, беше извршена региоРегионална обука за новиот SUV Peugeot 5008. Обуката беше водена од страна на г-динот Дарко Радончиќ, составена од теоретски и практичен дел во која тој ги пренесе најновите информации за новиот SUV Peugeot 5008.

На обуката посебно истакнати беа големиот број на безбедносни мерки при возење како што се: Active Safety Brake & Distance Alert, Active Lane Departure Warning, Driver Attention Warning, Smart Beam Assistance, Speed Limit Sign Recognition & Recommendation, Adaptative Cruise Control With Stop Function, Active Blind Spot Monitoring, 360° View, како и богатата дополнителна опрема која е овозможена кај овој модел на SUV, со цел да го олесни користењето и да го зголеми уживањето на потенцијалниот купувач.

Во таа насока беше споменат и Advanced Grip Control + HADC системот, кој е еден од најважните елементи за еден ваков SUV модел. Системот го прилагодува возењето на секаков вид на терен и соодветствува на 5 режими на возење.

Во рамките на обуката, веднаш по теоретскиот дел, беше извршена и статичка презентација со цел за подобра визуелна перцепција на новитетите и опциите кои ги нуди овој нов SUV. Опцијата за 7 седишта како дополнителна опција беше прикажана и во статичката презентација каде имавме можност да монтираме и демонтираме едно од седиштата за уште поголем простор во багажниот дел (+39 литри).

Тимот на Еуроимпекс и нашата дилерска мрежа во регионот, секогаш Ви стои на располагање.

sl1 sl2 sl3 sl4 sl5 sl6