Еуроимпекс учесник на настанот „Отворен ден“ од Машински Факултет Скопје, 16.5.2017


Еуроимпекс учесник на настанот „Отворен ден“ од Машински Факултет  Еуроимпекс учествуваше на настан „отворен ден“ во организација на Машински факултет кој се одржа на ден 13.5.2017 со почеток во 12 часот, во кругот на паркингот на самиот факултет.

На настанот присуствуваа студенти и матуранти, како и професори и претставници од Центарот за истражување и развој.

Еуроимпекс како верен поддржувач на проекти поврзани со вложување во образование и поттикнување на млади образовни кадри, беше изложен со брендовите од Professional Tuning, Ragazzon, Alientech, Vogtland, CSS. Како и со јапонскиот бренд на гуми Toto Tires.

На самиот настан претсавниците од Еуроимпекс ги информираа присутните за сите карактеристики и новости поврзани со брендовите.

sl1 sl2 sl3 sl4