ЕУРОИМПЕКС И К.К.ВАРДАР НА ПРОСЛАВА „70 ГОДИНИ ОД ПОСТОЕЊЕ К.К.ВАРДАР“ Скопје, 29.5.2017


ЕУРОИМПЕКС И К.К.ВАРДАР НА ПРОСЛАВА „70 ГОДИНИ ОД ПОСТОЕЊЕ К.К.ВАРДАР“ Кошаркарскиот клуб Вардар формиран на 20 јули 1947 година, еден од основачките спортови на СД „Вардар“, го прослави својот 70-ти роденден од формирањето како еден од основоположниците на македонската кошарка!

Настанот започна со промоција на книгата „70 години – КК Вардар“ која за првпат се издава во историјата на клубот.

На свеченоста која ја одржа во својата сала во „Кале“ од КК Вардар присуствуваа голем број на спортски играчи, кошаркари, медиуми, поддржувачи на спортот како и претставници на Федерацијата и претставници на спортската академија. На настанот се поделија признанија и благодарници за најуспешните и најзаслужните меѓу кои: фудбалерот на векот на Македонија - Дарко Панчев, претседателот на МОК, Васил Тупуровски кој во своите јуниорски денови настапувал токму за КК Вардар, актуелниот претседател на МКФ, Петар Наумоски, но и легендата на клубот Тихомир Матевски како и бројни истакнати имиња од кошарката, а тесно поврзани со Вардар.

„Благодарам на сите што присуствуваат на овој јубилеј, што дојдоа да го прослават овој роденден со нас. Посакувам за следниот јубилеј да не има и во уште поголем број. Се надевам дека и во иднина оваа сала ќе биде полна и ќе го бодри Вардар кон нови успеси, бидејќи ваква традиција заслужува негување. Како што вели и нашата книга, која за првпат се издава во една ваква форма – Вардар бил и ќе остане засекогаш!“ – истакна претседателот на клубот, Владимир Воиновски, сопственик на ЕУРОИМПЕКС.

И додаде: Еуроимпекс најдобро од сите може да сведочи за долгогодишниот успех на К.К Вардар и знае што значи да се биде тим со традиција и долгогодишно работење и вложување, бидејќи и самата компанија Еуроимпекс постои веќе 27 години. КК Вардар пишувајќи ја својата историја на постоење, минуваше низ повеќе одисеи и низа значајни резултати кои останаа за почит.

Признание доби и женска сениорска екипа на Вардар која во првата година од рестартирањето стигнаа до трофејот во Купот на Македонија, додека во првенството завршија како второпласирани.

Еуроимпекс, како пријател на К.К.Вардар гордо ги поддржува ваквите настани и активности на кошаркарскиот клуб, која не само што има за цел да го поздрави долгогодишниот успех на К.К.Вардар и неговата традиција, туку исто времено и да вложи во својот кадар преку зајакнување на тимскиот дух и инвестирање во тим билдинг активности се со цел зајакнување на секојдневното заедничко работење на вработениот тим.

sl1 sl2 sl3 sl4 sl5 sl7 sl8 sl9 sl10 sl11 sl13 sl14 sl12 sl6