ЕУРОИМПЕКС И МЛАДИНЦИТЕ НА ВАРДАР ЈА ОДБРАНИЈА ТИТУЛАТА Скопје, 9.5.2017


ЕУРОИМПЕКС И МЛАДИНЦИТЕ НА ВАРДАР ЈА ОДБРАНИЈА ТИТУЛАТА  На 9.5.2017 година салонот на Еуроимпекс го посетија младинците на К.К.Вардар за да ја прослават победата над Работнички заедно со Peugeot како нивни пријател и поддржувач.

Со 63-65 младите кошаркари на Вардар ја освоија и третата победа над Работнички и со тоа успеаја да ја одбранат титулата освоена во категоријата М20 минатата година. Избраниците на Дарко Радуловиќ со максимални 3-0 во финалната серија (63-74, 89-86 и 63-65) беа подобри од врсниците на клубот од „Градски Парк“ предводени од Перо Блажевски.

Еуроимпекс е особено горд на ваква младина и продолжува да ги поддржува кон сите нивни идни успеси и победи!

sl1 sl2 sl3 sl4 sl5 sl5