Еуроимпекс ДОО – локален партнер во Меѓународен проект во рамките на програмата „Еразмус + “ „Технички достигнувања кај моторните возила во функција на заштита на човековата околина“ Скопје, 3.4.2017


Еуроимпекс ДОО – локален партнер во Меѓународен проект во рамките на програмата Еразмус +   Еуроимпекс ДОО, веќе долги години соработува со средното сообраќајно училиште АСУЦ “Боро Петрушевски” од Скопје, во рамките на повеќе проекти од Национален и Меѓународен карактер.

Оваа година, Еуроимпекс ДОО, повторно учествуваше како локален партнер во проектот „Технички достигнувања кај моторните возила во функција на заштита на човековата околина“, во рамките на Еразмус + програмата. Во рамките на проектот, 9 ученици од АСУЦ Боро Петрушевски, беа на двонеделна практична обука во Севиља – Шпанија, во периодот од 5.03.2017 до 19.03.2017 год.

Тримесечната подготовка на учениците, се реализираше во Еуроимпекс ДОО, кој ги понуди на располагање сите свои ресурси, менторство, опрема и алат, со цел учениците да бидат поуспешно подготвени за претстојната обука во Севиља и да можат соодветно да одговорат на барањата за проектот.

Еуроимпекс ДОО, има голем придонес во реализирањето на проекти од ваков тип, пред се поради значењето на проектот и бенефитите од него, како на пример, стекнување искуство во областа на практичната обука во современи сервиси за возила, професионално усовршување, поврзување на теоретските знаења за современите системи за прочистување на издувните гасови со практиката, индивидуален професионален развој, стекнување на високоценети и меѓународно признати сертификати и сл.

Улогата на Еуроимпкес ДОО, особено се истакнува поради фактот што менторите во своите извештаи го истакнаа своето задоволство од подготвеноста на учениците, да работат на сложени дефекти кај различни типови на возила, употребувајќи најсовремена опрема и алат.

sl1 sl2 sl3 sl4