Признание за Еуроимпекс од Бизнис Академија Смилевски Скопје, 19.4.2017


Признание за Еуроимпекс од Бизнис Академија Смилевски   Во неделата на 2 април 2017 година, Бизнис академијата Смилевски ги додели дипломите на својата шеста генерација на дипломирани студенти на прв и втор циклус на студии во хотелот Холидеј Ин.
На официјалниот настан кој траеше околу два часа, својата диплома ја подигнаа 96 студенти.
За таа пригода, беа доделени и признанија на неколку партнерски организации, меѓу кои и Еуроимпекс, која како компанија веќе неколку години е поддржувач на проектите на Бизнис Академија Смилевски и нејзин верен партнер во остварувањето на истите.

“Голема благодарност до БАС Бизнис Академијата Смилевски, за ова признание. Особено ни е драго за оваа соработка и взаемен успех и се надеваме да продолжи и во иднина.
Еуроимпекс верува во успешноста на секој нов проект, а особена чест ни претставува што имаме можност и директно да учествуваме во креирањето на професионално способна младина, воедно подигајќи ја и општествената одговорност кај младите генерации.”
– изјави Ана Николоска, маркетинг асистент на Еуроимпекс.

sl1 sl2 sl3 sl4 sl5 sl6