Изложба на Автомобили и Мотоцикли – АСУЦ Скопје, 30.5.2017


Изложба на Автомобили и Мотоцикли – АСУЦ На 28.5.2017 година на полигонот на Авто-Сообраќајниот Училишен Центар АСУЦ “Боро Петрушевски” се одржа третиот по ред собир за сите љубители на автомобили и мотори.

На овој настан и Еуроимпекс ДОО, се изложи со 3 возила (Peugeot 404 од 1972 година, 2 теренски возила JEEP KAISER CJ5 од 1967 и 1968 година), 1 мотоцикл (Rog Pony Express од 1973 година), како и едно возило во категоријата на тјунирани возила (Peugeot 308 со 125 КС) и целата гама производи на Professional Tuning.

На настанот учествуваа околу 300 автомобили поделени во неколку категории, и тоа на: young timers, old timers, tuned cars, sound quality check и luxury cars.

Oваа година од страна на Еуроимпекс беа изложени и јапонскиот бренд на пневматици Toyo Tires, со што уште еднаш и на дело се покажа долгогодишната успешна соработка помеѓу компанијата и училиштето. Присутните можеа да ги видат одблиску брендовите со кои беше изложен Еуроимпекс и да добијат информација повеќе за моменталните акции и понуди.

Изложбата на автомобили која ја организира Авто-Сообраќајниот Училиштен Центар „Боро Петрушевски“ од Скопје стана традиција, успешно одржувана веќе трета година по ред – по одличниот настан од минатата година, очекувањата беа навистина големи – и можеме да кажеме дека беа исполнети.

sl1 sl2 sl3 sl4 sl5 sl6 sl7 sl8 sl9