Новиот Peugeot 208 блескаше на Bridal Fashion Night Скопје, 15.02.2016


Новиот Peugeot 208 блескаше на Bridal Fashion Night Во организација на Моден викенд-Скопје по третпат се одржа модна ноќ посветена на невестите и младенците во која брендот Peugeot одлично се вклопи со новиот спектакуларен Peugeot 208 Orange Power. Градскиот шармер одлично се вклопи во улога на модел за невестите, привлекувајќи погледи од сите присутни. Гостите имаа можност да се запознаат со возилото одблиску како и да добијат информација повеќе 208-цата, блескаше со својата живописна боја и ултра модерна става, гордо пречекувајќи ги посетителите.

Имено, Peugeot 208 е моделот од најновата генерација на брендот, кој се појави на нашиот пазар со почетокот на 2016-та година. Новите PureTech бензински и BlueHDi мотори, софистицираниот дизајн со новиот светлосен потпис, беспрекорната внатрешност со мултифункционален 7’’ екран кој со опцијата mirror link се поврзува со вашиот телефон, се само некои од елементите со кои новиот Peugeot 208 ги освојува и најпребирливите.

Настанот се одржа во Македонскиот Народен Театар во Скопје на 05.02.2016 година. Поп-пејачката Сара Мејс ја отвори модната ноќ посветена на невестите во уникатен фустан на дизајнерката Зиане Бакиу, а потоа вечерта продолжи со ревиите на косовската модна куќа „Менакон“ зад која стои дизајнерката Надире Зимбери. А публиката имаше можност да ужива во колекцијата „Ретки бисери“ на ателјето за венчаници „Ал Апарел“ како и во најновата колекција од „Elizabet design studio“.

sl1 sl2 sl3 sl4 sl5 sl6 sl7 sl8