Професионален тјунунг во Македонија со компаративно тест возење Скопје, 29.07.2014


Професионален тјунунг во Македонија со компаративно тест возење  „Еуроимпекс“ е првата компанија во Македонија која овозможува споредбено тест возење. Посетителите на Охрид, викендов имаа можност да тестираат и споредуваат. Присутните, имаа прилика да го возат „Автомобилот на годината“ во Европа, новиот Peugeot 308 и тоа во две изведби: нетјунирано возило и мотор 1.6 HDi со 92 КС и тјунирано возило со истиот мотор но со добиени 115 КС.

„Ние сме првата компанија во Македонија која на потенцијалните клиенти им овозможува компаративно тест возење на тјунирано и нетјунирано возило. Преку ова, тие имаат можност да ја согледаат разликата и добијат впечаток за степенот на подобрување на перформансите на возилото, за зголемената флексибилност, енергичност и економичност.“ - изјави Ивана Манчева, Маркетинг директор во „Еуроимпекс“

Доколку сметате дека вашето возило има потреба од дополнителни коњски сили, внимавајте при изборот кој за вас ќе го направи тоа. Од „Еуроимпекс“ имаат прецизно објаснување, зошто да ги изберете токму нив...

„Во „Еуроимпекс“ вршиме професионално тјунирање на сите брендови на возила. Тјунирањето возила кај нас претставува надградба на долгогодишното искуство во дијагностицирање и сервисирање на возила. Импресивен е моментот што кај нас, секој софтвер пред неговото вчитување во возилото, е претходно тестиран на друго исто такво возило. А, за извршената софтверска модификација, клиентот добива гаранција за софтверот сé додека возилото е во возна состојба! Работиме со лиценцирани софтвери преку CSS Performance Tuning од Словенија и сме нивни Генерални застапници за Македонија. Софтверите кои ги пласираме, се веќе присутни во 20 земји во Европа, а компанијата CSS Performance Tuning од Словенија, исто како и „Еуроимпекс“ работи според стандардот ISO 9000:2008. Верувам дека „тежината“ на овие неколку елементи, дава доволен впечаток зошто и на кој начин ќе ја вршиме оваа нова услуга за вас.“ – изјави г-динот Зоран Темелковски, Технички советник.

sl1 sl2 sl3 sl4