Еуроимпекс, промоција на Peugeot RCZ и прослава на јубилеите со градска журка и настапи во живо 08.12.2010


RCZ „Еуроимпекс е првата приватна компанија чие работење е насочено кон трговија со автомобили и моторни возила од лесна категорија.

Оваа година Еуримпекс прославува јубилеј,... бележи 20 години постоење!
20 години – развој
20 години – инвестирање
20 годнини – успешно опстојување на пазарот!“
истакна Кирил Воиновски.

“Денес, сме компанија која неколку години последователно се наоѓа на листата 200-те најуспешни компании во Републикава. Денес, сме генерални увозници на Peugeot автомобилите со најголема овластена сервисно-продажна мрежа во земјава, генерални застапници за Total (Тотал) маслата, Banner (Банер) акумулаторите и програмата на алати за брендовите Bahco (Бахко), Milwaukee (Милвоки), AEG (АЕГ) и Irimo Иримо.“ истакна Даниел Воиновски и додаде: „Многу научници кажале, а вработените во Еуроимпекс тоа и го докажаа – дека една компанија може да биде успешна ако добар тим луѓе работи во неа. Велат, првите 20 години се најтешки, одсега ќе ни биде полесно!.“

По силниот аплауз зборот го превзема Директорот на продажба г-динот Дејан Јадровски кој заедно со прекрасната Лила Стојановска ја имаа честа да го претстават пред јавноста новиот и неодолив Peugeot RCZ.

Атмосферата ја разубавија заштитните лица на Еуроимпекс. На сцената блеснаа Клиопи, Каролина и Влатко Лозаноски кои имаа настапи во живо и тоа секој со својот бенд. Меѓу гостите имаше многу градски лица, бизнимени и менаџери кои уживаа во сé оноа што Еуроимпекс им беше подготвил.

RCZ 1 RCZ 2 RCZ 3 RCZ 4 RCZ 5 RCZ 6 RCZ 7 RCZ 8 RCZ 9 RCZ 10 RCZ 11 RCZ 12 RCZ 13 RCZ 14 RCZ 15 RCZ 16 RCZ 17