Посета на студентите од УКИМ - Економски факултет Скопје, 25.10.2013


den na marketeri Во рамките на манифестацијата „Ден на маркетери: Герила маркетинг vs. Горила компании“, на 24 октомври 2013 година беше реализирана посета од студентите од Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ - Економски факултет.

На истата беше одржана презентација на тема “Социјалните медиуми во маркетинг комуникациските активности во автомобилската индустрија“ со цел да ги доближат и запознаат студентите со иднината на маркетингот и начинот на кој можат да ги користат алатките од истиот во полза на компанијата и нејзиното работење. Студентите како идни маркетери со стручниот тим на Еуроимпекс одржаа дискусија и разменија мислења на темата, кои што податоци понатака ќе можат да ги применат во своето работење.

sl1 sl2 sl3 sl4 sl5 sl6 sl7 sl8 sl9 sl10 sl11 sl12 sl13 sl14 sl15 sl16 sl17 sl19 sl18