Peugeot тимот со 208 S-line, прво-пласиран на Авто Релито за оваа година

Во организација на АКК Примо АВЈ на 16.11.2013 гoдина во Општина Гази Баба стартуваше Авто Рели - Гази Баба 2013.


Повеќе »
НОВИОТ Peugeot 308, импресивен во секој поглед!

Префинет дизајн, full Led технологија, i-Cockpit со голем мултифункционален екран на допир, фокусиран на потребите и чувствата, агилен, беспрекорно држење на патот, избор на моќни и економични мотори и сосема НОВО чувство при возењето. НОВИОТ Peugeot 308, фасцинира и освојува уште при првиот поглед!

Повеќе »
Регионален маркетинг семинар на Automobiles Peugeot

На ден 13.11.2013 година, Еуроимпекс како Генерален увозник на Peugeot за Македонија, имаше значајна улога за земја домаќин за Регионалниот маркетинг семинар.

Повеќе »
Ловочуварската служба на ловиштето „Ниџе“, успешна и во најтешките задачи

Во петокот на 21.10.2013 година, на местото познато како „Ниска пресека“ во непосредна близина на македонско-грчката граница, од страна на ловочуварската служба на ловиштето „Ниџе“, беше фатена група од тројца ловокрадци, граѓани на Република Грција.

Повеќе »
Посета на студентите од УКИМ - Економски факултет

Во рамките на манифестацијата „Ден на маркетери: Герила маркетинг vs. Горила компании“, на 24 октомври 2013 година беше реализирана посета од студентите од Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ - Економски факултет.

Повеќе »
 Саемско претставување

Оваа година Лимаро-фарбарскиот сервис на Еуроимпекс ДОО прослави 6-годишнината од своето постоење со воведување на нови услуги подостапни за своите клиенти, со кои со мала инвестиција клиентите ќе можат да го разубават својот миленик.

Повеќе »
 Саемско претставување

Од 15.10.2013 до 19.10.2013 во Скопје се одржа 39-тиот Меѓународен саем за металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита – “ТЕХНОМА“.

Повеќе »
 Peugeot 2008 премиерно пред јавноста за шестото издание на Францускиот филмски Фестивал

Во изминатите 6 години брендот Peugeot е верен пријател на Фестивалот на француски филм. Оваа година отворањето и затворањето на Фестивалот го одбележа градскиот crossover, новиот Peugeot 2008. Градскиот crossover ги дочекуваше и испраќаше гостите на Фестивалот, најавувајќи повторна дружба.

Повеќе »
 Градскиот авантурист Peugeot 2008, пристигна во Македонија

Со лансирањето на новиот crossover 2008, во Peugeot владее големо задоволство. Официјалното производство стартуваше во април оваа година и заклучно со 05-ти јуни производителот имаше 16.900 порачки за производство. Од Еуроимпекс пренесуваат дека интересот за 2008, воглавно се темели за највисокото таканареченото, Allure ниво на опременост.

Повеќе »
 Superbrands признание за Еуроимпекс

„Еуроимпекс“ е компанија основана 1990 година и веќе долго време е синоним за стабилен бренд на македонскиот пазар. Оваа година истово è и официјално потврдено, преку доделувањето на признанието „Superbrands 2013/14“.

Повеќе »
 Еуроимпекс имаше дружба во парк и промовирање на новата веб страна www.peugeot.com.mk

Овој викенд во Луна паркот во Скопје, Peugeot приреди големо дружење со семејствата посетители на забавниот парк.
Забавата да биде уште поголема, заштитното лице на Еуроимпекс и вљубеникот во Peugeot брендот: Влатко Лозаноски – Лозано, со своето присуство ги радувше најмалите подарувајќи им Peugeot боенки и балони со неговиот потпис.

Повеќе »
 ПРОФЕСИОНАЛЦИТЕ НА PEUGEOT ВО МАКЕДОНИЈА, ПОБЕДНИЦИ ВО СВЕТСКИОТ НАТРПЕВАР ВО ПОСТ-ПРОДАЖБАТА

Нашата мрежа со Еуроимпекс како импортер, победи во натпреварувањето за пост-продажба, што им појде од рака само на уште неколку европски земји како: Албанија, Бугарија, Романија, Малта и Естонија.
Како победник на натпреварувањето, беше поканет Г-дин Васил Стамболиски, одговорен за Пост-продажба да присуствува на доделувањето на признанието освоено како резултат на високо постигнатите резултати.

Повеќе »
Peugeot 301. Специјално признание за адекватност на македонскиот пазар<br/>„Автомобил на годината  2013“

Во рамките на манифестацијата „Автомобил на годината 2013“, Peugeot 301 е прогласен за најадекватен автомобил на Македонскиот пазар од страна на стручното жири.
Специјалното признание беше и официјално доделено на свечената манифестација од страна на Претседателот на жири комисијата.

Повеќе »
Г-динот Даниел Воиновски - кум за бадник, здравичари "Силви Бенд"

На вчерашната прес конференција, Општина Ценрар ги претстави бадникарскиот кум г-динот Даниел Воиновски, Генерален директор на „Еуроимпекс“ и здравичарите Силви Бенд.
„Да се биде кум за Бадник, како дел од православната традиција на бадникарското чествување, за мене и мојата фамилија претставува огромна чест.“ – изјави г-динот Даниел Воиновски и додаде „Во животов повеќе пати ми се укажала чест да бидам кум на мои драги луѓе, но ова сепак го сметам за круна на сите кумства.“

Повеќе »
Саемско претставување

Од 16.10.2012 до 20.10.2012 во Скопје се одржа 38-миот Меѓународен саем за металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита – “ТЕХНОМА“.

Повеќе »
5 годишнина на лимаро - фарбарската работилница на Еуроимпекс

На 16.10.2012 година навршија 5 години од отпочнувањето на поправката на првото возило во лимаро-фарбарската работилница на Еуроимпекс.
Со неколку потенцијални кандидати за вработување ја започнавме лимаро-фарбариска поправка на првото случајно избрано возило. Од тогаш до денес поминаа околу 4000 возила, а лимаро-фарбарската работилница израсна во репер за квалиетно изработени возила и за голем број на задоволни клиенти.

Повеќе »
Признание за Еуроимпекс ДОО од страна на Бизнис aкадемијата Смилевски - БАС

На 13.10.2012 во свечена атмосфера во хотелот Холидеј Ин во Скопје во присуство на голем број професори, претставници на организации и останати гости, се доделија дипломите на втората генерација на дипломанти на БАС на прв и втор циклус на студии.

Повеќе »
Статичка презентација во Куманово

Во петокот (20.07.2012) беше одржана статичка презентација на Плоштадот во Куманово. Настанот беше организиран од страна на импортерот во соработка со Овластениот дилер „Васе Старт“ со кој соработката беше официјализирана во јуни 2012. Кумановчани имаа можност да ги разгледаат моделите 208, 508 и 3008 и да превземат информација повеќе како за изложените така и за другите модели на Peugeot.

Повеќе »
Еуроимпекс, од сега и на втора локација во градов

Автомобилската улица во Скопје, позната како ул.Скупи бб од сега ќе има импортер повеќе. Еуроимпекс, Генерален увозник на Peugeot за Македонија ќе го пласира брендот и на втора локација во градот.

Повеќе »
Победа за брендот Peugeot на натпреварувачкото дружење меѓу автомобилските импортери

Вчера (29.06.2012) на атрактивна скопска локација се одржа натпреварувачко дружење меѓу автомобилските импортери организирано од страна на Авто Плус. Се дружевме и се возеше на симулатори. Вчерашниот настан прерасна во одличен натпревар проследен со супер дружба и позитивна атмосфера. Томислав Нафидов, Бренд менаџер на Peugeot за Македонија, со својот резултат го пласираше Peugeot брендот прв на табелата.

Повеќе »
Обука за новиот Peugeot 208

Денес (17.06.2012, недела) беше извршена обука за новиот Peugeot 208 на ниво на цела продажна мрежа во Македонија. Обуката беше водена од страна на г-динот Томислав Нафидов, Бренд менаџер за Peugeot. Во рамните на истата беше вршен и компаративен тест со возилата припадници во истиот т.н. “B” сегмент.

Повеќе »
Свечено отворање на нов продажно-сервисен центар за Peugeot, „Васе Старт“ - Куманово о

Од денес (13.06.2012) Peugeot семејството брои уште еден овластен продажно-сервисен центар повеќе. Компанијата „Васе Старт“ од Куманово официјално беше именувана за Овластен дилер во рамките на Peugeot мрежата во Македонија од страна на „Еуроимпекс“ Генералниот увозник на Peugeot за Македонија. Блесна уште еден лавовски Blue Box објект, кој ќе биде на услуга на граѓаните во Куманово и околината.

Повеќе »
Peugeot 208, будење на сите сетила под ведро небо

Минатата вечер Голем број гости,... Амбасадорот на Франција, Генерални менаџери на средни и големи компании, потенцијални купувачи и голем број реномирани имиња... Еуроимпекс, импортерот на Peugeot автомобилите за Македонија, приреди спектакуларно промовирање на новиот модел Peugeot 208. Во прекрасен амбиент под отворено небо, беа поставени 6 (шест) Peugeot 208 возила кои го очекуваа своето официјално претставување.

Повеќе »
Ноти на раскош меѓу природата и урбаниот чекор.

Во салонот на „Пежо“ пред голем број реномирани гости, дизајнерот и моден новинар Небојша Толески ја представи својата нова колекција “Кревка природа“. За претходната колекција „Меч“ Толески ја освои наградата за колекција со светски дизајнерски израз на модната недела во Белград.

Повеќе »
Победа за тимовите на пост-продажба, сервис и резервни делови 2011.

Нашата мрежа со Еуроимпекс како импортер, победи во сите три натпреварувања и тоа: пост-продажба, резервни делови и дополнителна опрема и промоции, што им успеало уште само на две земји во светски рамки.

Повеќе »

Регионална конференција на импортерите за сервис и резервни делови

Конференцијата беше во организација и одржана во Еуроимпекс Генерален увозник на Peugeot за Македонија.


Повеќе »

Фабрика на знаење

Денес во просториите на Еуроимпекс, беше одржана средба со студентите на ФОН Универзитетот во врска со проектот „Фабрика на знаење“ на која беше извршено нивно информирање и подобро запознавање со моделите на Пежо (Peugeot). Беа поставени насоки за развој на идејните проекти на двата тима. Позитивниот и ентузијастички пристап на студентите, дава јасна слика дека од нашата соработка ќе се родат сериозни и пазарно апликативни комуникациски концепти.

Повеќе »

Еуроимпекс и ФОН

Денес во продажниот салон на Еуроимпекс, се одржа прес конференција на која се објави и официјализираше соработката меѓу Еуроимпекс и ФОН Универзитетот.

Од Еуроимпекс изјавија дека како компанија добиле понуда која со задоволство ја прифатиле и за која веруваат дека ќе се реализира во еден високо-успешен проект. Оваа година Еуроимпекс ќе биде дел од проектот на ФОН Универзитетот, именуван како „Фабрика на знаење“, а во функција на унапредување на деловната комуникацијата и социјална интеракција.

Повеќе »

Срцето на Калиопи освоено од Францускиот лав Peugeot 508

„Го обожувам моделот 4007, но Peugeot 508 ме плени со кралски луксуз, комфор и моќ! Ова возило има мускулеста, а воедно и елегантна линија која ме остави без здив уште при првиот поглед. Што повеќе да речам, едноставно ми го освои срцето... Како што велат во Еуроимпекс, овој модел е за сите оние кои движат со 120 идеи на час.“ – изјави Калиопи.

Повеќе »

15 години постоење Tотал

На 10ти Ноември 2011 година во просториите на Еуроимпекс беше одржана техничка обука од страна на најдобрите дистрибутери по повод 15 години од постоењето на Тотал во Македонија.

Повеќе »

Peugeot Macedonian Test Drive Tour 2011

Стартот на оваа манифестација е назначен за 24-ти септември, ден сабота во Тетово, а крајот на 11-ти ноември 2011 година во Кочани. Тест турата ќе ги посети граѓаните во сите дилерски центри на Peugeot низ Македонија и ќе опфати вкупно 7 градови. Тест возењето ќе започнува пред салоните т.е. овластените дилерски центри на Peugeot и ќе биде со времетраење од една недела во секој град.

Повеќе »

технички советници

На ден 01.10.2011 година во Битола, беше одржана 6-тата по ред обука за технички советници. На истата присуствуваа стручните лица од сервисниот центар на целата дилерска мрежа на Пежо (Peugeot) во Р.Македонија.

Повеќе »

Владо Јаневски, нов член на семејството Peugeot img

Јавноста е веќе добро запознаена дека повеќе години, Еуроимпекс има соработка со врвни личности кои пленат и се пример на нашето Општество. Тие се врвни и докажани уметници, филантропи и хуманисти – заштитните лица на Еуроимпекс: Каролина, Калиопи и Влатко Лозаноски! Спонтано се роди идејата за проширување на Peugeot семејството и од овој ден тоа брои еден член повеќе... Новиот член е: докажан пејач, кантавтор, културен мисионер, великан... и како личност еден од најомилените во јавноста... Владо Јаневски, новото заштино лице на Еуроимпекс и пријател на Peugeot! Одсега, него ќе го среќаваме во придружба на Peugeot 508.

Повеќе »

Peugeot 508

Голем број гости, Генерални менаџери на средни и големи компании, потенцијални купувачи и голем број реномирани имиња... Еуроимпекс, импортерот на Peugeot автомобилите за Македонија, приреди спектакуларна промоција на новиот модел Peugeot 508. Во луксузниот амбиент, беа поставени и прекриени шест возила Peugeot 508 кои го очекуваа своето промовирање. Вклучените фарови под прекривките допринесуваа за развивање на мистично чувство кај сите гости.

Повеќе »

Peugeot RCZ

Еуроимпекс импортерот на Peugeot автомобилите за Македонија, оваа година ја одбележа како година на јубилеи. Peugeot брендот бележи 200 години од своето постоење, а Еуроимпекс 20 години од своето основање. Двата родендени збогатени со причина повеќе, промоција на Peugeot RCZ, беа прославени вчера (07.12.2010 год.) во Club Colosseum.

Повеќе »

Лозано, нов члан на семејството Peugeot

Генералниот директор на компанијата, г-динот Кирил/Даниел Воиновски ги предаде клучевите на Лозано од возилото Peugeot 308 со Premium ниво на опременост, одличен бензински мотор и трендовска бела боја.

Повеќе »

Еуроимпекс прославува јубилеј

По осамостојувањето на Македонија, Еуроимпекс е првата приватна компанија чие работење е насочено кон трговија со автомобили и моторни возила од лесна категорија. Еуроимпекс е основана на 26 јануари 1990 година, а како основачи се јавуваат членовите од семејството Воиновски. Еуроимпекс прославува јубилеј,... бележи 20 години постоење!

Повеќе »

Во четвртокот (12.06.2008) Каролина Гочева не ги криеше изненадувањето и возбудата кога сопствениците на Еуроимпекс и ги предадоа клучевите од новиот модел на Peugeot 308. Досега таа како заштитно лице на компанијата возеше Peugeot 207.