Компанијата Еуроимпекс е основана 1990 година како мала трговска фирма за увоз-извоз. Започнува скромно, со само тројца вработени и во изнајмени простории.


По осамостојувањето на Македонија, Еуроимпекс е првата приватна компанија чие работење е насочено кон трговија со автомобили и моторни возила од лесна категорија.


Соработката со Пежо (Automobiles Peugeot) започнува со првиот увоз на автомобили извршен во 1992 година. Моделите од големото Пежо (Peugeot) семејство пристигнаa во Македонија, успешно справувајќи се со сообраќајниот метеж низ градовите и елегантно издвојувајќи се од учесниците со неиздиференциран стил.


ДЕНЕС Пежо (Peugeot) има СВОЈ ДОМ за многуилјадното семејство во Македонија.


  • 1993 - Еуроимпекс станува дистрибутер на рачен алат од програмите Сандвик (Sandvik) и Бахко (Bahco) од Шведска;
  • 1994 - година во која Еуроимпекс започнува да функционира како генерален увозник и дистрибутер за возилата Пежо (Peugeot) за Македонија. Истото произлегува како резултат и награда за вложениот труд и успешното работење на македонскиот пазар во претходните години;
  • 1996 - потпишан е Договор за дистрибуција на моторни масла Тотал (Total), светски позната нафтена компанија. Нов предизвик, но и голема одговорност;
  • 1997 - отворен е сервисен оддел за одржување и сервисирање на возилата Пежо (Peugeot) како дел од стратегијата за подобрување и подигнување на нивото и квалитетот на услугите;
  • 1998 - започнува изградба на продажно-сервисен центар по стандарди на Пежо (Peugeot). Неговото отворање се случува во септември 2000 година;
  • 2000-2004 се години кога се прави комплетна организација во однос на дооформување на тимови по оддели, се работи на континуиран раст на уделот на пазарот на автомобили како и на зацврстување и проширување на дилерската мрежа по што, 14 дилери ја покриваат целата територија на Македонија. Исто така, во 2001 година Еуроимпекс како Генерален увозник за македонскиот пазар, започна со пласман на алатите од програмата на Иримо (Irimo) од Шпанија;
  • 2005 - проширување на програмата за рачен алат и прославата на 5 последователни години како најпродаван бренд автомобили во Македонија; Во декември месец истата година, Еуроимпекс официјално започна со функција на генерален увозник за Банер (Banner) акумулаторите;
  • 2006 - достигната е бројка од 10.000 продадени Пежо (Peugeot) возила и исто толку задоволни корисници;
  • 2006 ноември - започнува изградбата на нов лимаро-сервисен центар, чие отворање се случи на почетокот на 2008 година;
  • 2007 - година, како Генерален увозник, Еуроимпекс стартуваше со увоз и дистрибуција на алат и прибор од програмата на Милвоки (Milwaukee) од САД;
  • 2008 - Еуроимпекс изврши воведување на ISO 9001:2000 стандардите;
  • 2010 - година во која Еуроимпекс бележи 20 годишен јубилеј од основањето на компанијата и стартува со пласман на алати од програмата на АЕГ (AEG) Германија;
  • 2010 – извршено имплементирање на ISO 9001:2008 стандардот;
  • 2010 – Преку исполнувањето на сите потребни параметри и предлог проектот за развој и инвестиција, на „Еуроимпекс“ доверена му е концесија за ловиштето „Ниџе“ од септември 2010 година, па во следните 20 години;
  • 2011 – Еуроимпекс одбележа 15 годишен јубилеј како генерален увозник на Тотал (Total) масло;
  • 2013 – добитник на признанието Superbrands 2013/2014 година;
  • 2014 – генерален застапник во Македонија за CSS Performance Tuning, Словенија;
  • 2014 – Еуроимпекс прераснува во Генерален увозник и дистрибутер на брендот PEUGEOT во Македонија, Србија и Црна Гора;
  • 2015 - Еуроимпекс како Генерален застапник ја надгради својата понуда со италијанскиот бренд Рагазон (Ragazzon) за висока класа на спортски издиви и германскиот бренд Вогтланд (Vogtland) за суспензија со високи перформанси;
  • 2015 - Еуроимпекс прераснува во Генерален увозник и дистрибутер на брендот PEUGEOT во Македонија, Србија, Црна Гора и Косово;
  • 2015 – Година во која Еуроимпекс бележи 25 годишен јубилеј од основањето на компанијата;
  • 2015 - Еуроимпекс станува генерален увозник за Тојо Гуми, (Toyo Tires) Јапонија;
  • 2016 - Еуроимпекс прераснува во Генерален увозник и дистрибутер на брендот PEUGEOT во Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија;
  • 2016 - Еуроимпекс станува генерален увозник за моторните масла Валволин (Valvoline);

  • 2017 - извршено имплементирање на ISO 9001:2015 и ISO 14001:2015 стандардите;
  • 2018 - достигната е бројка од 20.000 продадени Пежо (Peugeot) возила во Македонија и исто толку задоволни корисници;
  • 2020 - Еуроимпекс прераснува во Генерален увозник и дистрибутер на брендот OPEL во Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија; Овој успех го круниса 30 годишниот јубилеј на Еуроимпекс кој го одбележавме оваа година.

Низ сите овие години, преку континуирано справување со екстерни и интерни фактори кои вршеа влијание врз работењето, како и преку процесот на активно учење, Еуроимпекс прерасна во компанија високо позиционирана на пазарот континуирано присутна во листата на 200 најуспешни компании во Македонија.


Еуроимпекс функционира во сопствен деловен центар кој е проектиран според стандардите на фабриката Пежо (Peugeot). А, тимот брои 79 вработени лица. За ова семејство, компанијата обезбедува работни услови на високо ниво, обуки за надградување на вработените - соодветно за секое поле на работа, применува мерки за мотивација и тн. Едноставно, Еуроимпекс се грижи за секој член од тимот. Само здрава работна околина и задоволен тим можат да придонесат за еластичен пристап кон проблематичните ситуации и за остварување на сериозен успех во работењето.


СО СИГУРНИ ЧЕКОРИ ДО ВИСТИНСКАТА ЦЕЛ !


Еуроимпекс Ви посакува добредојде во секое време.