

|
| PEUGEOT 206 WRC ПОТПОЛНА ДОМИНАЦИЈА
2002 беше голем предизвик за Team Peugeot Total. Титулата на светски првак во конкуренција на конструктори во 2000 и 2001 година, како и онаа на Marcus Gronholm во 2000 меѓу возачите, на тимот му поставија големи обврски за одбрана на истите, кој пак во натпреварувачката сезона влезе појак од било кога. Така, сезоната 2002, ја покажа вистинската сила на Peugeot рели тимот. Комбинација на врвна технологија, врвно мотивирани возачи и членови на пратечкиот тим, му донесе на Team Peugeot Total трета последователна титула во конкуренција на конструктори. |
|
| Класика и рафинираност 307 XT Premium
Оваа верзија ја отелотворува рафинираноста и класичната елеганција. Нејзиниот амбиент ќе ги заведе вљубениците во рамнотежата на материјалот и боите, чувствителни на лагодноста. XT Premium ја спојува елеганцијата на кадифето и топлината на дрвото. Како предлог има три комбинации и тоа: СЛОНОВА КОСКА, ДИЈАМАНТ и КЕДАР. |
|
|